Европската Унија одобри јавен фонд вреден 1,75 милиони евра за развој на електроника. Проектот е предложен од Британија, Италија, Франција и Германија, а доби поддршка и од Европската Комисија. Унијата се надева дека поддршка на фондот ќе дадат и приватни инвеститори, па ќе порасне за уште 6 милијарди евра, пренесе Reuters.
Во проектот се вклучени и 29 компании и истражувачки организации. Дел од компаниите се гиганти во оваа област:Robert Bosch, Infineon, STMicroelectronics, Osram, Carl Zeiss, GlobalFoundries и Murata. Проектот би требало да биде финализиран во 2024 година.
Фондот ќе биде фокусиран на микро електроника, главно за елементи за „интернет на нештата“-уреди.
„Иновативноста во микро-електрониката може да и помогне на Европа да направи скок во целата иновација. Затоа е многу важно, ако пазарот сам не сака да ризикува, владите во Европа заеднички да поддржат вакви важни проекти за заеднички интерес“, вели комесарката, Маргрет Вестагер.
Интернет на нештата, сензори, паметни телефони, се дел од индустриите кои во следните десетина години ќе имаат голем напредок и развој. Секаков развој на електроника може да помогне дел од идните компании да одберат да останат или да се преселат во Европа, наместо да бараат среќа на некој друг континент.
[…] post Европската Униј&… appeared first on […]