0 коментари 1 мин. читање

Opera ја претстави финалната верзија на својот крипто паричник

Ако работите со крипто валути тогаш без сомневање веќе имате омилена апликација паричник за дигитална валута. Сепак ако оваа не е случај, или ако барате нова, Opera ќе се обиде да ве убеди да го одберете нивниот.

Најголема предност на паричникот е што овозможува директно плаќање преку прелистувачот. Секако за да се реализира ова и продавницата ќе треба да има поддршка за онлајн плаќање со крипто валута.

Креаторите на прелистувачот засега оваа функционалност ја овозможија единствено за Android верзијата на прелистувачот. Она што е интересно е дека за почеток паричникот ќе може да чува единствено Ether. Поддршката за останатата валута веројатно пристига подоцна, вели Verge.

Лоша вест за корисниците на iOS е дека прелистувачот не е достапен на оперативниот систем, што значи дека нема ниту паричник. Паричникот е најавен од пред половина година, во јули, а сега им е достапен на корисниците.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top