Kонечно мобилните мрежи пристигнуваат и во Куба

во Свет

Кубанците конечно ќе добијат пристап до Интернет. Популацијата ќе добие пристап до 3G мрежа пред крајот на оваа недела, јави BBC. „Пуштањето“ ќе оди во три дена поради страв да не се преоптовари мрежата.

Цените на пакетите се движат од 7 долари за 600MB, до 30 долари за 4GB. Дополнително, секој корисник ќе добие уште 300 бесплатни MB за сообраќај на домашните .cu страници. Според првите вести има блокирање на локални содржини, но засега нема блокирање на надворешни страници.

Не така одамна Куба ја доби првата локација со бесплатен интернет. Бесплатните Wi-Fi мрежи последниве неколку години беа единствени мрежи достапни за најголем дел од Кубанците. Хотелите и локациите за туристи имаат интернет, но тој е прескап. Еден час „сурфање“ е 5 долари, што можеби не ви изгледа премногу, но просечна плата на Куба е 30 долари.

Пристап до домашен интернет и бесплатни Wi-Fi хотспоти се достапни од 2017 година, секако со луда цена.
Ако нè следите подолг период тогаш веројатно сте забележале некоја од статиите за состојбата со интернет во Куба. Прескап, редок и едвај достапен. Во недостиг на интернет младите Кубанци си направија сопствена глобална мрежа. До 2013 година интернетот беше достапен единство на туристите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk