0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2018

Пукнатини во империјата, нови повици за смена на Марк Закерберг

Неодамнешните скандали придонесоа за првите повици за смена на Марк Закерберг. Четири јавни инвестициски фондови кои имаат акции во друштвената мрежа предложија промена на г. Закерберг од директорската позиција.

Ова не е прв пат да се појават барања за промена на основачот на Facebook. Претходно в0 2017 година имаше слична иницијатива. Сепак г. Закерберг има најголем дел од акциите, па овие иницијативи се симболични, вели Reuters. Интересно, 3 од 4 фондови ја поддржаа иницијативата и во 2017 година.

Причините за барањата се различни, од скандалот со Cambridge Analytica, до ширење на лажни вести и влијание на изборите во САД. И иако повторно нема можност да дојде до промена, иницијативата ќе овозможи да биде отворена тема на годишното собрание на акционери. Собранието ќе се одржи во мај следната година. Секако со оглед на тоа дека 60% од правата на глас се „во рацете“ на г. Закерберг, промената е подеднакво неверојатна и сега.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top