0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2018

Ако е потребно Amazon ќе помогне во одбранa на САД

За одбрана на САД е потребна помош и Amazon е тука да помогне. Компанијата не помага само вербално, туку веќе се пријавени и на тендер распишан од Одделот за одбрана на САД. Секако компанијата добро ќе заработи од овој договор, поточно 10 милијарди долари.

„Amazon со ентузијазам ќе соработува со Армијата на САД“, вели основачот на компанијата, г. Безос.

Amazon ќе нуди поинакви услуги во овој договор. Joint Enterprise Defense Infrastructure е повеќегодишен договор со кој компанијата на Одделот за одбрана ќе му понуди сервис во облакот. Интересно е што дел од техничките компании не се заинтересирани за договорот поради протести на вработените кои не сакаат да ја имаат Армијата како работодавач.

Одлуката на Џеф Безос е спротивна на најголем дел од техничките компании кои не соработуваат со Одделот за одбрана. Google на пример речиси веднаш по купувањето на Boston Dynamics ја прекина соработката со DARPA. Иако компанијата го доврши постоечкиот договор ја прекина соработката на нови проекти. Причината која Google ја наведе како мотив за неучество на тендерот се разликите во принципите за вештачка интелигенција помеѓу компанијата и војската, вели BBC. Вработени во Microsoft во преку отворено писмо го изразија својот став дека компанијата не треба да се користи во воени цели.

Г. Безос смета дека САД се одлична држава, на која и е потребна одбрана, а помошта мора да дојде од големите технички компании.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top