0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2018

MIT отвора колеџ за вештачка интелигенција

Еден од најпрестижните универзитети за технички науки, MIT креира нов колеџ. Колеџот ќе биде фокусиран на вештачка интелигенција, а веќе е планирана инвестиција од 1 милијарда долари, јави  New York Times.

Од планираните средства веќе се обезбедени две третини, a наставата започнува веќе следната година. До 2022 година колеџот за вештачка интелигенција ќе се пресели во сосем нова зграда која не е дел од постоечкиот кампус на MIT.

Еден од најголемите предизвици на оваа генерација на истражувачи нема да бидат техничките знаења и проблеми. Најголем проблем ќе бидат етичките и друштвените предизвици.

Новата катедра ќе биде мултидисциплинарна, а ќе се изучуваат и биологија, хемија, политички науки и јазици. Оттука помалку и се забележува насоката на студиите. Факултетот ќе се обиде да креира кадри кои имаат одлични познавања во две области. Едните секако се технички познавања, а вторите се од другата област која техничките ќе ја поддржуваат.

Колеџот ќе креира можности за привлекување на студенти за хуманитарни науки на MIT, универзитет кој е познат по својата техничка катедра, вели Мелиса Нобл, декан на катедрата за хуманитарни науки, уметности и друштвени науки.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top