0 коментари 1 мин. читање

Добри вести за Google во Европа

Европскиот комесар за заштита на конкуренција Маргрет Вестагер, вели дека веројатно е дека Google нема да мора да плаќа нови казни во Европа.

Ова значи дека Европската комисија е задоволна од напредокот кој го прави Google за зголемување на конкуренцијата во онлајн трговијата. Комисијата проценува дека извештајот од последните промени е во посакувана насока. Сепак додаваат дека продолжуваат да ја следат работата, а и дека конечна одлука сè уште не е донесена.

„Добивме уште еден извештај за напредокот… Забележуваме многу позитивни промени во бројките, но сепак сè уште ја следиме ситуацијата одблизу, и засега немаме донесено одлука“, вели комесарката Вестагер.

Google во Европа е казнет со 2,4 милијарди евра бидејќи Европската комисија заклучи дека на својата платформа ги заштитувале сопствените интереси. Компанијата треба да им понуди исти услови и на конкурентите или ќе продолжат санкциите. Ако Комисијата заклучи дека Google не ги исполнил барањата, казните може да бидат секојдневни во висина од 5% од прометот, јави Reuters.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top