Donesi.com значи дека корисниците можат лесно да нарачаат храна преку Интернет, додека за рестораните значи дека полесно ќе ги примат нарачките, тргајќи го телефонот од равенката.
Гледајќи ја српската верзија на Donesi.com може да видите дека при посета на сајтот се одбира град/локација во градот и се прегледува листа на рестораните. Македонската верзија најверојатно на почеток ќе биде само за Скопје. Секој излистан ресторан си има објавено свое мени, заедно со опција за листање на храна според состојките во неа. Секој ресторан си има место за користички рецензии за споделување на искуството. Одберената храна се сместува во корпата, се нарачува, се добива потврда дека нарачката е одобрена и плаќањето се врши во готовина.

Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.