До сега граѓаните пријавува неправилности преку бесплатниот телефонски број 198, а сега можат да пријават и преку ujp.gov.mk/kontakt каде може да се одбере еден од четирите понудени формулари.
„Особено внимание е посветено на анонимноста и дискрецијата на корисниците, што е важен услов да ги охрабриме сите граѓани да бидат наши партнери во спречувањето на мито, корупција и намалувањето на даночната евазија во Македонија.“, вели УЈП.
Според статистичките податоци на УЈП, од 2006 до 2010 година биле пријавиле вкупно 24.330 неправилности преку 198 бројот. Од нив најмногу се однесуваат на пријава за затајување на данок.




Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.