0 коментари 3 мин. читање 9 август, 2018

Magic Leap излегува во продажба

После подолго чекање, презентации, видеа и инвестиции конечно излегува првата верзија на очилата за проширена реалност Magic Leap.

Заедно со продажбата излегоа и првите рецензии. За жал, она што може да го заклучиме е дека првите слики и видеа кои го објаснуваа концептот на работа на очилата се далеку од реалноста.

Првата верзија која е достапна во продажба е наречена „Magic Leap One Creator Edition“. Цената на уредот е 2 300, долари, но ова е само за основната верзија. За „Pro“ верзијата се потребни уште 500 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=GmdXJy_IdNw

Уредот доаѓа со Nvidia Parker процесор (Tegra 2); Nvidia Pascal графички процесор; 8GB RAM и 128 GB диск. Дополнително батеријата може да исдрижи 3 часа работа

Дел од медиумите веќе имаа и можност да го тестираат уредот.

„Уредот не пресметува релативно растојание, па затоа е невозможно некој да оди пред диносаурус, без разлика колку е блиску. Сè уште е фасцинантна, прекрасна илузија – можеби најдоброто што сум го видел во еден од овие уреди, и далеку покул од гледање AR модел преку екранот на iPhone.

Но, сепак не е револуција (или магија) што Magic Leap ја најавува со години. Секако е подобра верзија на нешто што сум се обидел порано, но има уште многу работа“, вели Verge.

Компанијата досега доби инвестиции од околу 2,3 милијарди долари, а дел од инвеститорите се Google и Alibaba.

Секако технологијата не е воопшто лоша, но разочарувањето доаѓа бидејќи ги видовме првите видеа во кои технологијата беше навистина магична.

https://www.youtube.com/watch?v=OvAh5ajfBq8

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top