0 коментари 1 мин. читање

Биткоин како луда железница

Цената на биткоин во последниве неколку недели или вртоглаво расте или исто така паѓа.

Откако на 24 јули заличи како пазарот малку дека заздравува и се стабилизира, цената рипна на 8,436 илјади долари, a сега падна на 6,327 илјади. Овој пад на криптовалутата избриша 9 милијарди долари од вкупната вредност на валутата.

Причината за последниот пад на биткоин е одлагањето на одлуката на „Securities and Exchange Commission“ за решавање на „фонд со кој се тргува со размена“. За жал веднаш пo објавата за одлагање, криптовалутата падна.

Секако биткоин е најголем двигател на целиот пазар на криптовалути, па и малите промени влијаат на берзата. По падот, битокин е на најниска вредност последниве три недели.

Секако кога станува збор за копањето на криптовалути, копањето е исплатливо, но тргувањето од почетокот на годината, па наваму е поризично.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top