2 коментари 2 мин. читање

Македонците во топ 10 по кликање на реклами на Facebook

Со 18 кликови на реклами месечно, македонскиот Facebook корисник е еден од најактивните во овој сегмент на друштвената мрежа.

Овие 18 кликови на реклами не се средна вредност, туку медијана. Ова значи дека бројот на корисници со над 18 и бројт на корисници со под 18 клика на реклами е еднаков.

Според анализата на We Are Social Singapore корисникот од Македонија е на 8 место по маркетинг активности на друштвената мрeжа.

На прво место се жителите на Фарски острови со отворени 24 огласи, па следат Порторико со 23 и Исланд и Хрватска со 21.

Во период од 1 месец, корисникот од Македонија има 15 лајкови и 4 коментари на постови и 1 споделување на постови.

Но, ако ова се добри вести за компаниите кои огласуваат во Македонија за жал има и лоши вести, и тоа многу лоши. Глобално падот на отворање реклами е значително намален. Статистички падот кој е забележен е 20% намалени интеракции со рекламите.

Прилично долга и детална анализа на темата има Next Web, па ако работите со реклами на Facebook секако разгледајте ја статијата. Интересно, намалувањето на кликови на рекламите можеби и нема да се одрази на успехот на камањите. Ова секако важи доколу во овие 20% корисници не се оние корисници кои ги купуваат производите.

Интересен податок е дека медијаната кога бројот на допаѓања на страници е во прашање е прилично ниска и е 2.

Сепак опаѓањето на кликови на реклами на Facebook е тренд. Доколку продолжи, заработката на најголемата друштвена мрежа секако ќе биде доведана во прашање кога дел од огласувачите ќе побараат алтернатива.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top