Технологијата на Amazon за препознавање на ликови сепак би требало да се врати на доработка. American Civil Liberties Union со тест откри дека Rekognition на Amazon прави куп грешки.
Технологијата погрешно препозна 28 членови на Конгресот дека имаат криминално досие, пренесе ArsTechnica.
American Civil Liberties Union за 12,33 долари поднесе 25 000 слики на обработка на платформата. Сепак она што не го открија е дека во сликитe беа и слики од 535 членови на конгресот. Организацијата побара од Rekognition да ги спореди со база на осуденици.
Платформата „откри“ дека 28 членови на конгресот го прекршиле законот. Ова секако не e точно и ќе биде уште поголем проблем во иднина кога ќе постои некаква поголема доверба во системот.
Она што е интересно е дека алгоритмот може да се обвини и за расизам. Не е прв пат, алгоритам погрешно да препознава повеќе луѓе со црна боја на кожа за криминал.
Одговорот на Amazon пристигна релативно брзо. Компанијата објави дека за препознвање на ликовите кога бркање на криминалци е во прашаање, мора да се постави границата на грешка околу 95 или повисоко.
Она што најверојатно сега е најважно е да се запре со препознавањето на ликови како доволен доказ за приведување. Технологијата не е доволно доверлива и мора да постои сомневање.