0 коментари 1 мин. читање

Кога брзината на интернет е во прашање, Android е крал

Луксузните модели на Android телефони кои доаѓаат со новиот Snaprdagon 845 процесор, се подобри од Apple барем кога интернетот е во прашање. Телефоните како Samsung Galaxy S9, LG G& ThinQ, OnePlus 6 кои доаѓаат со овој процесор, побрзо преземаат податоци.

Сервисот Ookla, кој е зад платформата Speedtest.net, вели дека Qualcomm X20 модемот кој доаѓа со Snapdragon 845 е побрз од XMM 7480 од Intel. Просечната брзина на преземање на Galaxy S9 е 38.9 Mbs, поголемиот модел е S9+ е нешто побавен со 38,4 Mbps. Веста за брзината на модемот на Snapdragon ја сподели Qualcomm.

Од друга страна најскапиот модел на Apple, iPhone X презема со брзина 29,7 Mbps. Обичните надградби преземаат и побавно од ова, со 29,4 и 28,6 Mbps. Секако ова е сосем доволно за сè што им е потребно на корисниците, но е интересен податок.

Ова секако важи за сите модели на телефони со Snapdragon 845 процесор. Секако станува збор за одлични уреди, но дали ќе забележите разлика во брзината? Се сомневаме.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top