0 коментари 1 мин. читање

Google се обидува со Fuchsia на направи еден оперативен систем за уреди

Наскоро паметните телефони, таблет компјутери и паметните уреди би можеле да доаѓаат со нов оперативен систем. Google веќе 2 години работи на Fuchsia оперативниот систем. Fuchsia треба да биде замена за неколку оперативни системи истовременo, тврди Bloomberg.

Секако ова значи дека Android, Chrome OS и сите оперативни системи за интернет на нештата би отишле во „пензија“. Барем засега ова не изгледа на реално очекување.  Тимот во Google работи на: „Креирање на единствен оперативен систем на кој ќе може да работат сите уреди на компанијата, како Pixel телефони, паметни звучници, но и  уреди од трети производители кои сега работат на Android и Chrome OS“, вели извор за Bloomberg.

Сепак ниту директорот на Google Сундар Пичај, ниту директорот на Chrome и Android Хироши Локхајмер не дале зелено светло за конечно реализирање на планот.

Секако она што ќе биде интересно е да видиме како излегувањето на новиот оперативен систем ќе влијае на фрагментираниот оперативен систем.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top