3 коментари 1 мин. читање

Додека Firefox 4 се симнува, Chrome 11 влезе во бета со API да му зборувате на PC-то

Логото на Chrome сега е сменето, но тоа не е интересниот дел. Chrome 11 бета има поддршка за API за говор преку HTML5. Ова значи дека ќе може да му зборувате на вашиот компјутер и тој да ве разбере, пример, нешто слично како што е на Android телефоните со Google Translate. Внесување на говорот може да го пробате тука, доколку имате Chrome 11.

Google во 11-ката додаде и GPU-забрзување за 3D CSS, што значи, ќе можат да се креираат 3Д ефекти на сајт користејќи CSS.

Google е познат по објавување верзија по верзија на Chrome за кратко време, од 9 до 10-ката му требаа само месец дена. И тоа, заедно со подобрувањата, ги прави конкурентите да изгледаат застарено. Земете в обзир и дека Chrome е само две години стар прелистувач кој, за тоа кратко време, успеа ширум светот и конкретно во Македонија да му се приближи на Firefox.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top