„Како што е сега, нема познати проблеми што можат да не спречат да го објавиме RC1 како финален. Според заклучокот од нашата 11:30 сесија во среда, март 16-ти, драјверите на објавената верзија ќе одлучат дали да го пуштиме RC1 како Firefox 4.
Март 22 е денот кога може да го пуштиме прелистувачот. И ИТ и маркетинг тимовите го прифатија март 22-ри како соодветен датум. Ако до тогаш откриеме проблеми што можат да спречат тоа, ќе објавиме RC2 колку што е можно побргу, ќе го ресетираме времето за објавување и ќе им пишеме на сите.“
Мozilla е последниот од „големата тројка“ прелистувачи да објави нова верзија. Google за многу кратко објави две верзии на својот Chrome, чија 1о-та верзија доби доста позитивни коментари, додека Мicrosoft го објави Internet Explorer 9 кој е редизајниран прелистувач од тоа што го знаеме, што исто така привлече доста позитивни критики.
(via the Register)
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.