15 коментари 2 мин. читање

Казна од 1.000 евра ако компанијата не пријави имејл

„Член 7 – Во членот 21 став (3) зборовите: „адреса на електронска пошта“ се бришат. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Во постапката за упис во надлежниот регистар субјектите на уписот освен податоците определени во ставот (2) од овој член, се должни да ја пријават за упис и адресата на електронското сандаче за прием на писмена.““

Бесплатното пријавување е до 1 април, а после се плаќа по 500 денари. Но, тоа што е интересно, е што наместо дигитално, за пријавување имејл е потребно да се користи ПП образец кој треба да се достави на шалтер.

„Попoлнување на обрасците се врши јасно и читливо на машина за пишување или на печатар, без примена на непознати кратенки, прецртување, бришење и додавање. Образецот може да се превземе од нашата веб страница и со можност за електронско пополнување. За пријавување на имејл адреса потребно е да се пополни првата и последна страница од образецот.“, велат од Централниот регистар.

@bvelkovska @olivermk a dali znaete deka formularot ako ne e iskucan na masina go vrakaat !!! toa se sluci kaj nas vo firma …less than a minute ago via web

На сајтот на Централен регистар нема никакво известување за барање за поднесување на Е-пошта ?!?!?!?less than a minute ago via TweetDeck

Каков #mkfail! Задолжителната пријава на email адресите за компаниите е возможна само со рачно пополнет образец и на шалтер. Мастиљари!less than a minute ago via HootSuite

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

15 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top