0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2018

Еден милион Македонци на Facebook

Од 2.085.051 жители на Македонија, 1.583.315 имаат пристап до интернет, вели Internet World Stats. Ова е 75,9 од вкупното население во Македонија. Ова претставува пораст од околу 80.000 нови корисници во последните 9 месеци. И со оваа повисока бројка корисници, Македонија е под европскиот просек кој е 85,2%.

Според овие бројки, Македонија е на средината во регионот. Пред нас се Хрватска (90,9%), Босна и Херцеговина (80,7%) и Словенија (79,9%), но сепак Македонија е пред Грција (70,1%) која е членка на Европската Унија.

Facebook шампиони

Ако за интернет пенетрацијата и не котираме најдобро, ниту една држава во регионот не е подобро застапена на Facebook, секако процентуално. Според статистиката 1 милион Македонци имаат Facebook профил, што е речиси половина од целото население. Во Европа бројката на Facebook корисници последнава година е намалена.

Според учеството на Facebook, македонските корисници се „рамо до рамо“ со корисниците од Франција, Холандија, Италија, Данска, Белгија, држави чија популација е 50% присутна на друштвената мрежа.

Глобалната слика покажува пораст на вкупната бројка на корисници. Над 4,15 милијарди луѓе имаат пристап до интернет. Оваа бројка октомври минатата година изнесуваше 3,88 милијарди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top