0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2018

Поголема контрола врз апликациите со Alt-Tab Terminator

Alt-Tab е одлична алатка која е едноставна онолку колку и што е корисна. Во ситуации кога имате отворено бројни прозорци, комбинацијата од овие две копчиња од вашата тастатура знае значително да го олесни прелистувањето на активните процеси.

Во случај да барате понапредна верзија, Alt-Tab Terminator ја заменува основната примена со развиена алтернатива која ви прикажува уредна листа од сите процеси кои се моментно покренати и ви дозволува да скокнете до некој од нив или пак да ги затворите, односно прекинете. Управувањето е можно со вашата тастатура или глувче, а имате целосна слобода за дополнителни прилагодувања како кое копче која функција да ја имплементира, и слично. На располагање имате и неколку изгледи, како и изборни модови за прикажување на целиот екран или во компактна форма. За да знаете кои акции можете да ги примените, потребно е да одите со десен клик на некој од прикажаните процеси.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top