Саботажа во фабрика на Tesla

во Свет

Илон Маск испрати имејл порака до своите вработени со која ги извести дека се жртви на саботажа. Сè започна со пожар во еден од погоните на Tesla. Г. Маск ги извести вработените дека пожарот е дело на саботер кој е вработен во компанијата. Сепак, малку подоцна основачот на Tesla испрати уште една порака, во која објаснува дека саботерот направил поголема штета отколку што првично претпоставиле, пренесе CNBC.

Штетата е направена на интерни производи, но украдени се и податоци од компанијата. Штетата направена во интерните производи се однесува на промена во кодот кој го користи Tesla во производството.

Штетите се направени под лажно име, и засега не се во целост согледани, па ниту пронајдени сите можни цели на напад. Во својата порака во вработените г. Маск објасни дека истрагата продолжува. Главното прашање кое треба да биде одговорено е дали напаѓачот работел сам или е соработник на некоја друга организација.

„Како што знаете листата на организации кои сакаат Tesla да умре е долга. Тука се вклучени брокери на Волстрит кои веќе загубиле милијарди, а ќе загубат уште повеќе. Тука се нафтените и компаниите кои тргуваат со гас, најбогатата индустрија во светот – не им се допаѓа напредокот кој Тесла го прави со соларната енергија и електричните возила. Овие компании не се секогаш супер фини. Имаме повеќе големи конкуренти во автомобилската индустрија. Ако се подготвени да мамат за емисиите на штетни гасови, можеби се подговени и на други чекори“, вели г. Маск во својата порака.

Ова не е прв пат компанијата да се сомнева во саботажа. Во 2016 кога експлодира ракета на Space X при полетување, компанијата разгледуваше саботажа како причина за експлозијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk