IBM претстави вештачка интелигенција која дебатира со луѓето

0 коментари 2 мин. читање

Вештачка интелигенција на IBM успеа да победи во дебата со израелскиот колеџ шампион во дебатирање, Ноа Овадиа. Компјутерот успеа да пронајде податоци и да победи во дебата за која претходно не беше подготвен.

Сепак машината имаше пристап речиси до сите можни документи, од весници до академски списанија. Ова и овозможи на вештачката интелигенција да одговори на секоја тема, вели BBC.

Можеби и очекувано, жирито одлучи дека презентирањето на фактите било подобро кај луѓето. Сепак издржаноста на одговорите на вештачката интелигенција е оценета како подобра.

Вештачката интелигенција, Project Debater е базирана на Watson. Интересно, ова и не е прв пат вештачката интелигенција на IBM да биде подобра од луѓето. Претходно Watson успеа да победи на квизот Jeopardy.

Секако главната приказна тука е можноста која ќе ја отвори оваа вештачка интелигенција. Најверојатно веќе може да замислите адвокат кој го има целото знаење на претходните случаи и преседани. Ова секако ќе овозможи подобрите говорници да бидат и подобри адвокати, но и ќе овозможи помали тимови да бидат подеднакво ефикасни како и големите и скапи тимови.

Тука е и предноста при секој избор кој го прави корисникот на оваа вештачка интелигенција да ги има точните податоци. Ова овозможува изборот кој го правиме да биде направен врз база на податоци и факти.

„Сметам дека кога ќе може да го прави она што можеме и ние да го правиме, но подобро, ќе биде одлично за човештвото. За информирано носење на одлуки, за информирано гласање за информирано – сè“, вели Ноа Овадиа, говорничката која се натпреваруваше со вештачката интелигенција.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед