0 коментари 2 мин. читање 19 јуни, 2018

Стратешко партнерство на Google и JD.com, Google инвестира 550 милиони долари во кинескиот гигант

Google инвестира 550 милиони долари во кинескиот гигант во полето на е-трговија JD.com. Ова означува почеток за стратешко партнерство со кое двете компании се обврзуваат на соработка за подобра инфраструктура за продажба. Пазарот во Јужна Азија е само еден од пазарите на кои двете компании ќе соработуваат, јавува CNBC.

Во замена за вложените средства, Google ќе добие акции во JD.com. Секако поважна е обврската која ја преземаа компаниите според која ќе треба да обезбедат подобро и поперсонализирано искуство за купувачите.

Соработката ќе започне со тоа што преку Google Shopping, JD.com ќе започне да продава производи во Северна Америка и Европа. Ова е прво излегување на JD надвор од Кина и отвора интересни можности за компанијaта. Колку ќе им помогне ова партнерство за конкуренција со AliExpress останува да видиме.

Google секако ќе помогне за поголема видливост на производите на JD во пребарувањето. Сепак трендовите покажуваат дека купувачите почесто ги користат големите платформи како Amazon или Aliexpress, па дури и Ebay кога бараат производи.

JD е партнер и на кинескиот гигант Tencent. Tencent ентитет под кој се наоѓаат куп компании, платформи и сервиси.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top