Во случај да имате потреба да добиете подобар увид за безжичните мрежи кои ве опкружуваат, ви го препорачуваме Wi-Fi Scanner 4. Оваа бесплатна алатка ги прикажува најблиските безжични мрежи и ги извлекува уникатните детали за нив. Па така, покрај името на мрежата, лесно доаѓате и до информации за јачината и квалитетот на сигналот, MAC адресата, каналот, максималните, остварливи вредности за трансферот на податоци, имплементираната безбедност и слично. За многумина, ваквите анализи можат да се покажат корисни доколку сакате да идентификувате проблематични точки во вашата мрежа и подобро да ги искорените истите.
Неодамна, излезе нова верзија која ви дозволува и да извршувате подобро сортирање, односно филтрирање на безжичните мрежи и тоа според параметарот channel width. Дополнително, Wi-Fi Scanner 4 може автоматски да избрише мрежа која не е детектирана подолго време.
За бесплатно користење на алатката потребно е да извршите кратка регистрација тука. Внимавајте при преземање и инсталирање на алатката. Компанијата зад Wi-Fi Scanner 4 има неодолива потреба да ви наметне пропратни апликации, особено за време на инсталациониот процес.







