0 коментари 1 мин. читање

Terragraph – бежичен широкопојасен интернет за сите

Facebook се надева дека наскоро ќе може да обезбеди безжичен интернет за сите. Terragraph нe е новитет, од 2016 ја тестира технологијата во Пало Алто. Сепак новост е дека од 2019 година се најавени тестови надвор од контролирана средина, пренесе PC World. Технолгијата која ќе биде искористена е изработена од Qualcomm.

Terragraph е безжична мрежа која ги користи бандерите со електричните светилки. Технологијата го користи спекатарот од 60 GHz. Мал недостаток е што препреките го блокираат сигналот, па потребно е густо поставување на антени. За среќа технологијата овозможува доволна флексибилност за да може да се заобиколат препреките.

Првите тестовите во Сан Хозе по се изгледа ја докажаа употребливоста на Terragraph во урбаните средини. Минималниот домет на антените е 250 метри, но во реалноста радиусот е значително помал, односно околу 30 метри.

Мрежата може да обезбеди интернет со капацитет помеѓу 20 и 30 Gbps. Секако за користење на сигналот ќе бидат потребени антена и рутер на кои потоа ќе се поврзат домашните уреди.

Тестови се планираат за два града, Куала Лумпур, Малезија и Будимпешта, Унгарија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top