Три совети за подобро YouTube искуство #1

Нема никакво сомневање во флексибилната моќ на YouTube и огромната доза на задоволство кое произлегува од впивањето на мултимедијалните содржини. Попребирливите, меѓутоа, можеби би сакале да го скројат сервисот токму според нивните моменти потреби. За таа цел, издвојуваме неколку совети за подобра дружење со мега популарната видео платформа на Google.

1. Секогаш стримувајте видео материјали во HD

YouTube ја има вознемирувачката навика да стримува видеа од стандардна на висока дефиниција во зависност од вашата брзина на интернет конекцијата. Во случај да ви е преку глава од рачно подесување на квалитетот преку запчаникот кој се наоѓа под секое видео, можете да наместите секогаш видеата да бидат во висок видео квалитет. За таквото нешто, ви треба помош од дополнителни екстензии за прелистувачот Chrome или Firefox. По активација на соодветната екстензија, едноставно изберете го саканиот квалитет и препуштете се на автоматизмот.

2. Преземајте видео материјали во максимум резолуција

Официјално, YouTube не дозволува да гледачите да преземаат видео материјали, но доколку планирате одредено видео да го користите само за лична употреба, тогаш би ви треба програм како 4K Video Downloader. Програмот поддржува преземање видеа во 3D и 360 степени, како и цели плејлисти и канали. Видеата можете да ги преземате во највисоката овозможена резолуција, се до 8К.

3. Исклучете видео анотации и известувања

Пуштите видео и веднаш сте преплавени од непотребни анотации како: кликни тука за ова или благодарам за 10000 прегледи и полека чувствувате како нешто почнува да врие во вас. За целосно оневозможување на оваа услуга, кликнете на вашата слика (профил), па преку Settings, упатете се кон Playback. Дештиклирајте ја опцијата Show annotations and in-video notifications и кликнете на Save. Претпоставуваме дека доколку се лесно иритирате од вакви работи, тогаш подеднакво лудило ви предизвикуваат и известувањата во форма на карти и таканаречените End Screens кои обично се пропратни на крајот од секое видео. За пркосење кон нив нема официјален фикс, но некој н` шепна дека можете и нив да ги сотрете во корен доколку создадете нов филтер во вашиот ad blocker и внесете youtube.com##.ytp-ce-element.

Посетете нè и утре за други три совети за подобро YouTube искуство!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Последниот пат кога се сретнавме вака, ве советувавме како да стримувате или преземате видео материјали како бос, а и како да им удрите клоца на иритирачките видео анотации и известувања. Вториот состанок го резервираме за други три, подеднакво интересни совети за подобро YouTube искуство. […]

ит кариера

OneContact Macedonia

Front End Developer (React)

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Product Owner

Matrix Global

Junior QA

види ги сите огласи на kariera.it.mk