Хард дискот HN-D201RAE е составен од две плочи, секој со капацитет од 1 TB. Ова е рекорд во капацитетот, земајќи во предвид дека досега можеше само 750 GB да застанат на една плоча од еден 3.5 инчен хард диск. HN-D201RAE припаѓа на новата фамилија на хард дискови Spinpoint EcoGreen F6, кои ротираат 5400 rpm, имаат 32 MB cache и користат SATA 6 Gbps.
Samsung најавуваат дека освен овој хард диск кој има вкупно две плочи во него, односно 2 TB, ќе произведуваат и други серии кои ќе содржат 3 и 4 плочи и ќе бидат соодветно со капацитет од 3 TB и 4 TB. Големината на уредот е нешто на што Samsung треба уште да поработат ако сакаат да го понудат на поширок спектар на купувачи, затоа што моменталниот формат кој е малку поголем од стандарниот, не би можел да се вклучи во секој лаптоп.
Предноста која ни ја овозможува овој рекорд на Samsung е чекор напред во постојаниот тренд на намалување на уредите, а зголемување на нивниот капацитет. Хард дискот од 2 TB најверојатно ќе го пуштат во продажба во текот на оваа година.

Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.