9 коментари 1 мин. читање

iPad 2, потенок, полесен и помоќен

iPad 2 е за една третина потенок од првата верзија, односно само 8.8 милиметри дебел, со што е потенок од iPhone 4. Тежи 91 грам помалку, односно 589 грама, има побрз Dual-Core a5 процесор, „девет пати“ подобра графика за играње поквалитетни игри на таблетот, има предна и задна камера, FaceTime, а има и жироскоп. Ќе работи на iOS 4.3.

Можеби најинтересната новина е паметната магнетна покривка која го „буди и заспива“ таблетот. За да се прицврсти покривката на таблетот Apple има вградено магнети во самиот iPad.

Црн и бел iPad 2 ќе може да се купи во САД од март и ќе чини од 499 долари за Wi-Fi 16 GB верзија до 899 долари за аWi-Fi 64GB.

Со iPad 2 Apple повторно ги постави стандардите за како треба да изгледа таблет компјутер. Не за џабе успеаја да продадат 15 милиони iPad-и во 2010-та, додека другите производители се уште не се одлучија што ќе прават, и не за џабе Apple планира да продаде над 40 милиони iPad-и во 2011-та.

Подолу се видеа од iPad 2 презентацијата на Стив Џобс, како и официјалните видеа на Apple за таблетот и паметната покривка.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top