3 коментари 2 мин. читање 17 април, 2018

Научете да зборувате клигонски за само пет минути дневно, со Duolingo

Star Trek фанатиците ја добија уникатната можност да научат клигонски и да ги импресионираат девојките на вистински начин. Или само да научат клигонски.

Интерактивната алатка за ефикасно учење јазици, Duolingo, стана побогата за уште еден јазик и доколку отсекогаш сте сакале да го совладате јазикот на ратоборната вонземна раса сега навистина немате изговор, што, во одредени ситуации, и те како знае да биде корисно.

Бесплатниот сервис Duolingo им нуди на заинтересираните целосен онлајн курс и уште пред самото излегување имаше над 170.000 заинтересирани Star Trek фанови.

Курсот Learn to Speak Klingon е развиен од бројни доброволци и ентузијасти и е осмислен преку различни игри и активности, на сличен начин како Esperanto или High Valyrian – еден од јазиците кој се зборува во Game of Thrones.

Моментно, учењето е овозможено преку официјалниот сајт, но се работи на iOS и Android апликација.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top