0 коментари 1 мин. читање

iPad 2 доаѓа на 2-ри март, потврди Apple

Се очекува iPad 2 да има две верзии, со 7-инчен и 9-инчен екран. Екраните ќе бидат со Retina дисплеј, прв пат претставен на iPhone 4. Ќе има две камери, предна и задна. Предната камера е зa FaceTime апликацијата за видео комуникација. Камерите се веќе стандардни за сите нови таблети кои се стартуваат. Затоа iPad 2 мора да ги има ако Apple сака да останат на врвот на таблет пазарот.

Првиот iPad, претставен во ланскиот јануари, направи своевидна револуција во мобилните уреди, донесувајќи ги таблет компјутерите на главната ИТ сцена. Првиот iPad се продаде во над 15 милиони парчиња во 2010-та. Неговото успешно претставување ги натера сите останати производители да направат свој таблет, се очекуваат да се претстават до 50 различни таблет компјутери во 2011-та, и да се креираат посебни оперативни систем наменети само за таблети.

кува

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top