Dell XPS 13 веќе неколку години е еден од најдобрите Windows лаптопи на пазарот. Сепак последната значајна промена на лаптопот доаѓа во 2016 година, па беше потребна надградба.
https://www.youtube.com/watch?v=EgtAC_n5oAM
Враќање на најдобриот Windows лаптоп
Новата верзија, Dell ја најави уште пред еден месец, а разликата е и во дизајнот и во хардверот и во дел од функционалностите, пишува Ars Technica.
Лаптопот доаѓа во неколку верзии. Основната доаѓа со: Intel Core i5-8250U (до 3.4GHz); 4GB LPDDR3; 128GB PCIe SSD. Најдобриот модел доаѓа со: Intel Core i7-8550U (до 4.0GHz); 16GB LPDDR3 и 1TB PCIe SSD.
Разлика има и во екраните, па така ексклузивниот модел доаѓа со 13.3-инчен 4К UHD екран на допир со резолуција 3849 х 2160. Основниот модел доаѓа со 13.3-inch FHD со резолуција 1920 x 1080.
Уредите доаѓаат со интегрирана Intel UHD 620 графичка картичка, која најверојатно нема да освои никого, но е штедлива кога батеријата е во прашање. Иако Dell XPS 13 не е наменет за играње, сепак за дел од „полесните игри“ како Team Fortress 2, е сосем соодветна.
Уредот доаѓа со читач на отпечатоци за прст со кој се отклучува лаптопот. Дополнително, може да се отклучи и со Windows Hello. Камерата е поставена под екранот, што секако ќе го направи изгледот на видеото помалку чуден.
Што се однесува до портите, новиот уред доаѓа со USB Type C и две Thunderbolt 3 порти. Технички преку овие порти може да се поврзе екстерна графичка картичка, па лаптопот да се користи за играње, иако е прашање дали и колку корисници би го правеле ова.
Една од функционалностите кои се нови е технологијата за термичка изолација. Иако ова не е првата работа која ни паѓа на ум кога купуваме лаптоп, низ годините на користење врел лаптоп може да биде прилично непријатен уред.
Што се однесува до батеријата, иако не е спектакуларна сосем е соодветна. Лаптопот на едно полнење, само со Wi-Fi може да се користи 11.5 часа. Што се oднеусува до основниот модел тој би можел со едно полнење да се користи и до 20 часа.
Она што можеби е изненадување е дека тестот на Digital Trends покажува дека екранот на основниот модел е подобар.
Цената на уредите е помеѓу 1000 долари за основиот модел, до 1900 долари за моделот со екран на допир.