0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2018

Камерата со вештачка интелигенција, Google Clips распродадена за неколку часа

Google пред неколку месеци претстави паметна камера која со помош на вештачка интелигенција го фотографира корисникот. Компанијата ја претстави камерата на почетокот на октомври  заедно со куп други уреди.

Google Clips е нова камера од Google која овозможува автоматско фотографирање. Корисникот единствено ја вклучува камерата, а потоа уредот благодарение на вештачката интелигенција самостојно одлучува кога ќе фотографира.

Clips доаѓа со сензор од 12 MP и агол на сликање 130-степени. Има 16 GB простор за фотографии/клипови, што е сосем доволно за фотографии од 2 дена. Камерата може да препознава ликови и се прилагодува на навиките на корисникот. Можеби најдобрата вест е дека сликите и видеата во целост се приватни. Сите слики се чуваат единствено на камерата. Clips се впарува со телефонот на корисникот. Сликите се криптирани и до нив може да се пристапи единствено од овој телефон.

Камерата сега е достапна или барем беше достапна еден краток период. Првите Clips камери ќе започнат да се испорачуваат во март, но за оваа „тура“ веќе нема уреди на продажба.

https://youtu.be/JXh1yyvXpwo

Цената од 250 долари изгледаше превисока кога Google ја најави камерата. Сепак, со оглед на тоа дека камерата веќе е распродадена се чини дека Google не направи никаква грешка.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top