0 коментари 2 мин. читање 16 јануари, 2018

Телефонските услуги заменети со интернет?

Бројот на корисници на фиксни телефони во Македонија е во опаѓање. Истовремено се намалува и бројот на мобилни линии. Ова го покажуваат податоците од АЕК.

Според податоците, во вториот квартал во мобилната телефонија има 2.022.678 активни претплатници, (најверојатно се мисли на активни претплати, а не на корисници). Оваа бројка е намалена за 27.000 корисници во однос на истиот квартал во 2016 година.

Македонски Телеком загубил околу 2% од пазарот, па нивното учество е намалено од 50,10% на 47.97%. На прв поглед делува дека овие корисници отишле кај Лајкамобајл кој сега има 2.46% корисници, пораст од 2,09%.

Најголеми приходи од обезбедување на мобилни комуникациски услуги има Македонски Телеком, 52,56% од вкупните приходи во вториот квартал. One.VIP имаат 47.21%, a Лајкамобајл само 0.23%.

Продолжува и намалувањето на фиксните линии, а во вториот квартал бројот на фиксни телефони е намален за 6.000.

Сепак, кога се во прашање пакетите, бројот на нивни корисници расте. Пакетот ТВ, интернет, фиксна телефонија и мобилна телефонија е пораснат за 83,61%. Засега е нејасно на што се должи ова, можеби станува збор за зголемен интерес или за нов пакет.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top