Крипто валутите и понатаму оставаат значителен белег во финансискиот сектор. Вообичаено во оваа гранка влијателни луѓе се банкари, сепак со дигиталните валути секторот е поинаков. Така најголемо влијание имаат девелоперите и креаторите на крипто валутите.
Crypto Weekly претстави листа на 100 највлијателните личности во светот на крипто валутите. Во недостиг на креаторот на Bitcoin, кој и понатаму е анонимен, на првото место на листата е Виталик Бутерин. Еве ги накусо првите 10 од листата на Crypto Weekly:
Виталик Бутерин
Не е никакво изненадување што креаторот на Ethereum е на првото место на оваа листа. Креирајќи еден од најфлексибилните блокчејни зад криптовалутите, Ethereum има можност да биде многу повеќе од крипто валута. Ethereum е еден од најпопуларните крипто валути по биткоин, а вкупната вредност е околу 30 милијарди долари. Во моментов г. Бутерин работи на надградба на протоколот.
Чарли Ли
Г. Ли е креатор на уште едена популарна дигитална влаута, Litecoin. Истовремено е и поранешен директор на инжинерите во Coinbase. Пред крипто валутите работел во Google и Guidewire Software.
Брајан Армстронг
На третото место на листата е ко-основачот и директор на Coinbase.
Роџер Вир
Г. Вир е првиот инвеститор во биткоин стартапи како Bitcoin.com, Blockchain.com, Z.cash , BitPay и Kraken & Purse.io. Неговата компанија MemooryDealers е една од првите онлајн продавници во кои можеше да се тргува со биткоин.
Андреас Антопулос
На петтото место на оваа листа се најде авторот на „Mastering Bitcoin“ и „The Internet of Money“.
Ник Сзабо
Еден од пионерите на блокчејн и криптовалути, е на шесттото место на листата на највлијателни луѓе во крипто-светот. Г. Сзабо е еден од иноваторите на паметните договори.
Дон Тапскот
Г. Тапскот е ко-основач и извршен директор на Blockchain Research Institute. Автор е на книгата „Blockchain Revolution“ која предвиува какво влијание блокчејн и криптовалутите ќе имаат на светот.
Гавин Андерсен
Еден од првите девелопери на биткоин, г. Андерсен беше главен развивач на Bitcoin Core, поставен од мистериозниот Сатоши Накамото. Основач е на Bitcoin Foundation.
Јихан Ву
Ко-основач на BITMAIN, компанија која продава ASIC чипови на биткоин рударите. Компанијата е најголем производител на делови за биткоин копање.
Лаура Шин
На десеттото место е првата и единствена жена на оваа листа. Лаура Шин е новинар и уредник во Forbes. Таа е и водител на блокчеин подкастот Unchained.
Целата листа на 100 највлијателни луѓе во светот на криптовалути е достапна на CryptoWeekly.







