0 коментари 1 мин. читање

Magic Leap конечно ги претстави очилата за проширена реалност

Компанијата која има една од најветувачките верзии на проширената реалност, конечно го претстави својот прв прототип. Дополнително, познато е и дека првите очила почнуваат со продажба во 2018 година.

Image courtesy of Magic Leap

Magic Leap се прослави откако доби огромни инвестиции од повеќе компании. Еден од инвеститорите е и Google, кој инвестираше над 500 милиони долари. Помалку контроверзно, Magic Leap долго време немаше прототип, иако беа презентирани видеа на кои изгледаше дека технологијата функционира.

Конечно имаме и малку повеќе податоци за начинот на кој функционира технологијата. За разлика од останатите уреди, Magic Leap One успева да го измами мозокот преку користење на светлина. Ова е дури деветта генерација на хардверот, но истовремено ова е и прва која ќе се појави на пазарот.

Засега нема податоци за цената, како и за точната дата на која започнува продажбата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top