Европскиот суд на правдата одлучи: Uber е транспортен сервис

во Вести, ИТ.ЕУ

Uber последниов период има навистина многу проблеми. Сепак, Европскиот суд на правдата му го зададе најголемиот удар во Европа. Во Европа сервисот повеќе не е дигитална платформа, туку превозник.

„Сервисот на Uber кој поврзува индивидуи со непрофесионални возачи е покриено како услуга од поле на транспортот“, вели Европскиот суд на правдата. „По одлуката на Судот, секоја од државите членки самата ќе може да ги регулира условите под кои вакви сервиси може да работат, во согласност со договорите за работа во Европската Унија“.

Ова значи дека Uber повеќе нема да биде заштитен како дел од единствениот дигитален пазар. Наместо ова, секоја држава членка на Унијата самостојно ќе одлучува како ќе биде регулиран. Ова на пример, може да значи дека во Франција компанијата ќе биде третирана како сите останати такси превозници.

Uber има куп проблеми во Европа. Во Франција таксисте протестираат и ги палат возилата на Uber. Поради протести на таксистите, дел од државите и градовите го забранија сервисот.

Одлуката на Судот доаѓа по жалба на Здружението на такси возачи од Барселона кои се жалеа дека Uber и UberPOP се нелојана конкуренција.

Сепак, одлуката на судот не би требало да направи никакви промени во државите во кои Uber оперира по постоечките закони.

Во САД компанијата има сосем други проблеми од кои најверојатно најголемиот е судскиот спор кој Uber го има со Waymo. Waymo (Google) го обвинува Uber за користење на нивна технологија во автономните возилата. Доколку судот го потврди ова, најверојатно автономниот сервис на Uber ќе биде вратен неколку генерации наназад.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk