0 коментари 2 мин. читање 29 ноември, 2017

Bitcoin сега чини над 10.000 долари

Да кажеше некој на почеток на годината дека за секој долар ќе добиете 10 ако купите bitcoin, најверојатно никој немаше да му поверува. Сепак токму ова е случај, откако bitcoin и официјално ја надмина границата од 10.000 долари.

Криптовалутата вредноста од 10.000 долари најпрво ја надмина на берзата во Јужна Кореја. Сега оваа криптовалутата за оваа цена се менува и на Coinbase и на Gemini.

Она што е уште поневеројатно, е колку брзо расте криптовалутата. Растот од 9.000 на 10.000 се случи во последните 2 дена. Од 8.000 на 9.000 за 8 дена. Само од почетокот на октомври, криптовалутата ја удвои својата вредност.

Со ова, цената на сите криптовалути заедно надминува 316 милијарди долари. Најголем дел, 54% од оваа сума отпаѓа на bitcoin, вели TechCrunch.

Пред само 5 години, bitcoin чинеше 12 долари. Една од причините за популарноста е најавата дека криптовалутите ќе успеат да го дисруптираат банкарскиот сектор. Па, во иднина криптовалутата ќе ги замени платежните картички. Сепак, ова важи за „blockchain“ технологијата која го овозможува не само bitcoin, туку и ether и сите останати криптовалути.

Веројатно е дека и самите банки ќе креираат сопствен blockchain за трансакции кои можеби и нема да има никаква врска со постоечките крипто валути. Дополнително, дури и да имаат добра воља банките да се одлучат да прифатат bitcoin, прашање е дали има доволно bitcoin во оптек за секојдневни трансакции.

Сепак, дел од инвеститорите советуваат претпазливост. Дури и најголемите ентузијасти сметаат дека последниот раст на криптовалутата е балон, а цената на bitcoin ќе мора да се корегира. Дали оваа корекција ќе биде минимална или огромна, засега е непознато.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top