Fortnite стана значително позната игра, особено по пресликување на режимот од PUBG. Со оглед на тоа што BR режимот е бесплатен за играње, илјадници и илјадници гејмери навлегоа во светот на Epic Games и си ги пробаат нивните знаења, што во играње, а што во мамење.
Со цел да стави крај на неетички пракси преку мамење во играта, студиото започна со исфрлување банови за играта, а двајца од нефер играчите реши да ги одведе на суд. Ситуацијата станува двојно-интересна кога ќе се земе во предвид дека еден од обвинетите е четиринаесет годишно дете.
Мајката на детето, видно налутена поради акциите на Epic Games, реши да ги засука ракавите и да напише писмо до судот во кое го прикажува синот како ништо повеќе од жртвено јагне. Жената објаснува дека, според правилата на Epic Games, мајката требала да даде одобрување за да нејзиниот малолетен син ја игра играта, но таа никогаш не дала зелено светло. Второ, студиото го тужи синот поради нанесени финансиски загуби, нешто што на мајката не и е јасно како е можно, со оглед на тоа што играта е бесплатна за играње. И како трето, таа смета дека Epic се тие што го прекршиле законот затоа што го обелодениле името на нејзиниот син пред јавноста, што е крајно илегално кога се работи за малолетници.
„Мое верување е дека тие (Epic Games) не се способни да ги сотрат кодовите за мамење и модификација на играта и сега користат 14 годишно дете како жртвено јагне, се со цел да направат пример од него,“, се објаснува во писмото за загрижената мајка.
На сево ова, Epic Games крева рамења и објаснува дека немале избор и морале или да поднесат тужба или целосно да ги повлечат обвиненијата, а тоа „не е во ред кога се работи за континуирано мамење и злоупотреба на авторски права, независно од нивната годишна доба.“
„Како што кажавме претходно,“ се надоврзуваат од Epic Games, „ ние не го земеме мамењето здраво-за-готово и ќе се погрижиме, по која било цена, нашите игри да се забавни, фер, и од натпреварувачки карактер за сите наши играчи.“