Bitcoin успеа да ја надмине и границата од 9.000 долари, Криптовалутата викендов се менуваше и за над 9.600 долари. Истовремено расте и Ethereum, стигна до 475 долари.
„Бројот на луѓе кои отвораат сметки и купуваат биткоин, дури и малечки делови, расте. Луѓето кои имаат bitcoin, немаат причина да го продат се додека интересот е волку голем“, вели инвеститорот Марк Кубан, кој смета дека bitcoin ќе продолжи да расте.

Неодамна криптовалутата беше споредувана со златото кое луѓето го чуваат како резерва. Но, ова не е единствената сличност. Како што во минатото тонеле бродови и се губело златото, се губи и bitcoin. Над 3.79 милиони биткоини се загубени засекогаш. Ова се помеѓу 17% и 23% од вкупно ископаниот bitcoin, јави Fortune. Интересно е што сите 1.041.715 од оригиналните „Satoshi“-парички се сметаат за загубени. Вредноста на загубените криптовалути на денешниот пазар се проценува на над 35 милијарди долари. Добра вест е дека во 2017 година нема загубени биткоини.
Причината за големиот број на загубен bitcoin лежи во ниската вредноост која криптовалутата ја имаше во почетоците кога, беше и најлесно да се искоопаат, па добар дел од корисниците и ги заборавија своите новчаници.
Податоците за загубените биткоини се засноваат на скорешната делба на bitcoin и bitcoin cash. Дури и корисниците кои само ги чуваа парите во новчаникот се логираа и направија транцакција, со тоа Chainalysis стигна до податоците.