0 коментари 2 мин. читање 13 ноември, 2017

Европската Унија во нов спор со Google

Во јуни Европската Унија го казни Google со рекордна казна од 2.42 милијарди евра. Според најавите од Европската комисија, 2018 би можела да биде поеденакво лоша година.

Причина за казната е промоцијата на рекламите од компанијата пред рекламите на своите конкуренти. Google е вклучен во уште две истраги за Android и за Ad Sense. Разгледувањето на Android е поместено за следната година.

Казната за злоупотребата на AdSense би можела да дојде порано. Причината за проблемите со AdSense е што страниците кои ја користат оваа платформа, не можат да користат реклами ниту од една друга платформа. Поради ова Европската комисија смета дека Google ја злоупотребува својата позиција на пазарот. Казната и за овој случај повторно би можела да биде неколку милијарди евра, јави Telegraph. Одлуката за AdSense би требало да биде донесена пред крајот на годината.

Заработката од рекламите е најголем извор на приходи за Google и поради ова, оваа одлука е посериозна за Google. Сепак, следната година и одлуката за Android би можела да биде клучна. Експертите сметаат дека за Android казната за Google би можела да достигне и 6 милијарди евра.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top