0 коментари 1 мин. читање

Руската армија изработи оружје против беспилотни летала

Армијата на Русија доби ново оружје. Напаѓачите повеќе нема да можат да користат дронови за напад на цели на боиштата. Новото дефанзивно оружје на русите ќе им овозможи да го спречат управувањето на дронови со сателит, вели Motherboard.

Станува збор за единица која е дел од армијата со единствена задача за онеспособување на непријателиските дронови. Единицата преку телекомуникацииски пречки ќе ја прекине комуникацијата на операторите и леталата. Специјалното оружје е огромна мобилна радио-антена поставена на камион.

Image courtesy of Министерство обороны Российской Федерации http://function.mil.ru/news_page/country/more.htm?id=12148695@egNews

Речиси сите членови на новата единица се специјалисти. Сите војници имаат техничко предзнаење во полето на електрониката. Првата единица ќе биде сместена во регионот на Курск.

Досега како дел од руската противвоздушна одбрана се оформени околу 20 вакви единици за борба со беспилотни летала. Поддршка на специјализираните единици се и традиционални единици за борба со беспилотни летала.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top