0 коментари 1 мин. читање

Microsoft воведе нова алатка против мамење во игри

Новата, есенска надградба на Windows 10 донесе мноштво интересни работи, но една од нив, некако заборавивме да ја споменеме во нашиот извештај, а тоа е новата алатка која ќе проба да им стави крај на сите оние кои навлегуваат во мултиплеерот со намера да го освојат тронот преку мамење.

TruePlay е мерка против мамење која им дозволува на девелоперите да го обвиткаат нивниот производ во „заштитни процеси“ кои се специјално осмислени да штитат од несовесни пристапи кон кодот на играта. Преку засебен сервис, Windows 10 ќе ги надгледува гејмерските сесии и ќе детектира однесувања кои се карактеристични за сценарија каде се мами. Ваквиот систем собира податоци кои подоцна ги споделува со девелоперите доколку детектира несоодветно однесување.

Со TruePlay, девелоперите можат да наместат одредени делови од играта, како кампањата за еден играч, да не бидат надгледувани. Самите гејмери, пак, можат да го исклучат сервисот со надгледување, но, во тој случај, нема да можат да навлезат во делови од играта кои се интегрирани со TruePlay, како мултиплеерот.

Алатката е достапна до сите девелопери на сите UWP апликации, но сеуште не се знае дали постоечките игри ќе ги искористат ваквите потенцијали.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top