Google и HTC го продлабочија партнерството, Google купи дел од HTC одделот за паметни телефони

во feature, Свет

Google потпиша договор за партнерство со HTC вреден 1.1 милијарди долари. Како дел од ова партнерство, во Google оди тимот од HTC кој работеше на Pixel телефоните. Дополнително, Google ќе има неексклузивно право на патентите на HTC.

„HTC е наш долгогодишен партнер со кој креиравме некои од најубавите, и најнапредни уреди на пазарот. Со нетрпение го очекуваме тимот од HTC да ни се приклучи на ова патување“, велат од Google.

Претходните претпоставки беа дека Google ќе ги купи HTC, слично како Motorola. Сепак, по објавувањето на деталите од договорот јасно е дека HTC  ќе продолжи да постои како компанија. Дополнително, фабриките за производство остануваат во целосна сопственост на HTC.

Телефоните на Google, Pixel и Pixel XL, како и новата верзија на Pixel се изработени од HTC. Ова партнерство можеби единствено ќе претставува купување на одделот на HTC кој работел на овие телефони. Префрлање на развојот на телефоните во Google ќе овозможи значително поголем удел на Google во дизајнот на следните Pixel телефони, вели Ars Technica. Дополнително, Google ќе може заедно со HTC да соработува и на: Google Home, Google Wifi, Daydream View и Chromecast Ultra.

Купувањето на тимот од HTC, помалку го означува и почетокот на Google како компанија која произведува и хардвер. Ова е навестено и во блог пост на Google во кој се најавува партнерството.

„Хардвер бизнисот на Google е сè уште на почеток. Засега се фокусираме на градење на основите, истовремено креирајќи и портфолио на производи кои ќе им понудат на луѓето единствено и прекрасно искуство. Ова ќе биде возможно единствено ако софтверот како Google Assistant доаѓа со внимателно дизајниран хардвер“.

Можеби најинтересна е положбата на пазарот која во моментов ја доби HTC. Компанијата сега има партнерство со два важни гиганти на полето на виртуената реалност. Покрај Google кој е позаинтересиран за проширената реалност, тука е и Steam со кој HTC соработува на уредот за виртуелна реалност Vive.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments