0 коментари 2 мин. читање

„Startup with Google“ – сите алатки за стартапи на едно место

Google сака да им помогне на сите стартапи побрзо и побезбедно да го достигнат својот потенцијал. Компанијата ќе се обиде на едно место да ги донесе сите алатки кои може да им бидат од корист на основачите на стартап.

Помошта од „Startup with Google“ е распределена во 3 групи. Првата група на корисниците им нуди можност за пронаоѓање на најдобрите алатки. Без разлика дали стартапот само што започнува со креирање на производот, работи на монетаризација или оптимизација, алатките се во оваа група. Секако, сите се изработени се од Google, а може да пронајдете сè од Firebase и Android Studio, до Google Maps API.

Можеби најинтересен дел од платформата е делот за најдобра практика. Тука Google, во неколку „поглавја“ одделува простор за дел од проблемите кои ги имаат новите претприемачи. Како да се пронајдат вистинските луѓе? Како да водите тим? Како да дојдете до финансии? Ова се само дел од прашањата на кои основачите ќе можат да пронајдат одговори на Startup with Google.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=KZlSq_Hf08M

Последниот дел од платформата е одвоен за заедницата и земање учество во заедницата. Овој дел е малку понекорисен за македонските стартапи. Главно е фокусиран на САД, па можеби и не е најприлагоден за остатокот од светот. Инаку, тука се сместени акцелераторите, хабовите и настаните кои се понитересни за техничките стартапи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top