3 коментари 1 мин. читање

Pirate Bay тестира копање на крипто-валути наместо презентирање на реклами

Дали можеби забележувате забавување на компјутерот по посетата на Pirate Bay последниве денови? Најголемиот торент сајт Pirate Bay тестира копање на крипто-валути наместо презентирање на реклами, јави TorrentFreak. Крипто-валутата на која падна изборот беше Monero.

Pirate Bay на страницата додаде Javascript код за копање на крипто-валути. Кодот е вгнезден во страницата и можно е да забележите големо оптоварување на процесорот. Функционалноста засега е во тест фаза, и заврши по 24 часа. Мајнерот кој е искористен на страницата е дистрибуиран од Coinhive.

Во тест периодот мајнерот беше поставен на дел од страниците, но не на сите. Кодот беше пронајден во резултатите од пребарувањата и во категориите, но не и на индивидуланите торент страници или почетната страница.

За среќа, запирањето на функционалноста не е премногу тешко. Сè што е потребно е да исклучите автоматски старт на Javascript код на страниците или да го блокирате со AdBlock. Тоа сепак ќе остане за во иднина, со оглед на тоа дека тест-периодот е веќе завршен.

Дали копањето на криптовалута додека корисникот е на вашиот сајт може да се користи за монетаризација на сајтовите, засега е непознато. Сепак, ако мајнерот се врати на страниците, најверојатно ќе дознаеме како поминале и тестовите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top