0 коментари 3 мин. читање 11 септември, 2017

На 12 септември Apple ќе претстави 3 нови телефони

Оваа недела ја очекуваме прес конференцијата на која Apple ќе ги претстави новите телефони. На само неколку дена пред самиот настан протекоа добар дел од податоците за новите телефони. Според овие податоци компанијата ќе претстави 3 нови уреди: iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone X.

Ова не е прв пат да протечат информации пред презентациите. Сомневањето беше дека Apple сам ги објавува овие податоци за да ја зголеми возбудата пред официјалното презентирање. Сепак, според обемот на податоците кои се објавени тешко е да се претпостави дали Apple повторно сам ги објавува овие податоци. Изворот доаѓа од Apple, а податоците се споделени до 9to5Mac и MacRumors.

Дел од објавените податоци велат дека новиот телефон ќе доаѓа со Face ID. Можност за биометриско отклучување со помош на ликот веќе има Galaxy Note 8. Мал проблем е што ова е интересна функционалност која не е премногу корисна. Функцијата може да се користи за: отклучување на телефонот; отклучување на iTunes; одобрување на продажба во AppStore или за автоматско пополнување на податоци во Safari. Интересно, оваа гласина е актуелна од февруари, кога Apple го купи израелскиот стартап RealFace.

Можеби најинтересна е појавата на новиот телефон iPhone X. Ова име не се споменува прв пат иако претходно сомнежите беа дека компанијата ќе ги прескокне iPhone 8 и iPhone 9. Сега изгледа извесно дека ова нема да биде случај, a iPhone X најверојатно е телефон со кој компанијата ќе ја одбележи 10-годишнината на iPhone.

Дел од податоците покажуваат дека компанијатаќе претстави анимирани емотикони и надградба на слушалките AirPods.

Секако, ништо од ова не е официјално додека не го слушнеме од устата на претставниците на Apple. Со оглед на тоа дека до 12 септември има уште малку време, нема да мора да чекаме премногу.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top