0 коментари 2 мин. читање 1 септември, 2017

Samsung доби дозвола да тестира автонмни возила во Калифорнија

Дали и Samsung ќе се вклучи во трката за автономни автомобили? Компанијата доби дозвола од властите во Калифорнија да започнe со тестови на возила, јави Reuters. Со ова трите најголеми компании поврзани со паметни возила, Google, Apple и Samsung, сега имаат дозвола за тестирање.

Од мај Samsung има дозвола да тестира сензори и софтвер во Јужна Кореја. Компанијата веќе тестира на домашните патеки, а сега можe да тестира и во САД.

Samsung ги тестира сензорите и останатиот хардвер кој го произведува за возилата. Неколку прилагодени Hyundai автомобили веќе возат со сензори и процесори од компанијата.

Засега е нејасно што точно планира Samsung со електричните возила. Компанијата секако е заинтересирана да понуди сензори и процесори. Но, дали има и поголеми амбции? Компанијата го разви својот оперативен систем Tizen кој засега е наменет за преносни уреди, но компанијата би можела да разгледува и поширока примена за оперативниот систем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top