Flash Player откако е претставен во 2002-та, стана стандард за веб видеа, овозможувајќи тие да станат интегрален дел од мрежата. Од Adobe велат дека скоро три четвртини од видеата на мрежата се енкодирани во Flash формат.
Flash често е критикуван дека ги задушува процесорите. Apple се пожали дека Flash e причина број еден затоа што Mac паѓа, а исто така овој формат е обвинуван и дека го редуцира животот на батериите на мобилните уреди за половина. Нова верзија на Flash како што велат од Adobe е за 34% поефикасна од претходните верзии кога се работи за чување на процесорската моќ, и не би требало да користи повеќе од 15% од силата на вашиот процесор.
Adobe во блог пост вели дека оваа промена нема да може да се забележи веднаш. Интернет страниците ќе треба да ги обноват нивните податоци за да може корисниците да го имаат ова подобрено искуство. Ова за некој кој е развивач/програмер би значело да ги обнови .swf фајловите. На официјалниот блог исто така се вели дека компании како Vimeo, Brightcove, Epix, и YouTube веќе почнале со работа за да може ова искуство да им биде достапно на корисниците.
Тоа што ќе гледаме убави видеа од висока дефиниција кои нема да го истоштуваат нашиот процесор или батеријата на нашиот уред, не е се. Со новиот Flash Player, кој има поддршка за цел екран на повеќе дисплеи, ќе може да да гледаме видео со полн екран на едниот дисплеј, и да работиме нешто сосема друго на вториот дисплеј – мултитаскинг. Исто така, нуди и можност за дизајнерите и развивачите да си креираат свои курсори, и има подобрено рендерирање на текстот, што ја зголемува читливоста. Новиот Flash Player има и поддршка за новото GUI (графички кориснички интерфејс) рендерирање кое ќе биде представено со новиот Internet Explorer 9.
За да го пробате новиот Flash Player 10.2 beta упатете се овде. Ако користите Google Chrome, тогаш веќе ја имате 10.2 верзијата.
Adobe најавуваат многу новини како и нов Flash Player за мобилни уреди кој ќе биде претставен следната недела на Mobile World Congress.
Adobe го препорачуваат ова видео за тест, па инсталирајте и тестирајте: