Алгоритам е подобар за дијагностицирање на срцева аритмија од лекар. Вештачката интелигенција, може да се покаже клучна за навремено дијагностицирање и превенција, смета тимот на Ендрју Нг, од Станфорд.
Тимот од Стенфорд алгоритмот го „наполни“ со куп ЕКГ податоци. Потоа го дотераа алгоритмот да ги препознава разликите помеѓу безопасната аритмија и сериозните проблеми.
Вообичаено кардио проблемите се дијагностицираат со носење на преносен сензор подолг период. Потоа овие податоци одат кај лекар кој ги толкува и ги презентира наодите. Дури и вака лекарот прави грешки, вели Technology Review. Вештачката интелигенција е попрецизна кога пронаоѓањето на овие нерегуларности е во прашање. Не само што подобро ги пронаоѓа, туку е попрецизна и кога се во прашање опасностите и безопасните нерегуларности.
„Охрабрување е колку брзо луѓето ја прифаќаат идејата дека длабокото учење е поточно од лекарите за некои одбрани вертикали“, вели г. Нг. „Сè уште имаме многу работа за да ги воведеме овие алгоритми во здравствениот систем. Мислам дека за 10 години ќе користиме многу повеќе вештачка интелигенција и ќе биде многу поразлична од денес“.
За креирање на оваа технологија тимот од Станфорд соработува со iRhythm. Компанијата е производител на ЕКГ-уреди. Најпрво алгоритмот го наполнија со 30.000, 30 секунди клипови од пациенти со аритмија. Потоа за проценка на точноста на резултатите анализираа 300 нови клипови. Проценката на алгоритмот потоа ја оцени и панел од три кардиолози.
Иднината на вештачката интелигенција како алатка во амбулантите не е во прашање. Единствено може да биде одложени поради сомнежи од лекарите и пациентите, но резултатите и во волку рана фаза се неспорни.