Пауза за Uber во Хрватска? Министерство за трговија бара забрана

0 коментари 1 мин. читање

Инспекцијата на Министерството за трговија на Хрватска ќе побара судска забрана за Uber, вели извор за Index. Конечната одлука за забрана останува во  судот.

Сервисот и во Хрватска ги има истите проблеми како во поголемиот дел од светот. Таксистите бараат негова забрана или барем изедначување на условите и се закануваат со блокади и протести. Извор за Index тврди дека маневарот е за да се смират таксистите кои се закануваат со блокади на градови и аеродроми.

Таксистите бараат забрана за Uber и еднаквост на сите превозници. Uber не се смета за превозник туку за сервис.

„Не е вистина дека се залагаме за забрана на Убер. Се залагаме за еднаквост на сите учесници на пазарот и нивна работа според законот. Теоретски може да се случи утре јас да работам незаконски и кога комисијата ќе утврди незаконска работа ќе ме казни. Uber за жал работи незаконски во Хрватска веќе две години. Имаме изјави на министри, на премиер, пресуди на судови. Uber и понатаму работи“, вели Божо Милетиќ претставник на таксистите.

Дури и да биде забранета апликацијата, тоа нема да трае предолго. Властите работат на нов закон за либерализација на такси услугите, со што Uber ќе стане легален.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top